Мими Јовановска: „Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам баладата – „Заборави“ (ВИДЕО)

„Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љубиш д не се поправиш. Ти не си за мене потрошено време, барем се освестив. Крив си за се, дај остави ме, без лажно каење“… Ова се дел од стиховите на новата песна на Мими Јовановска, „Заборави“, која неодамна беше промовирана.

„Заборави“ е љубовна балада која носи така за несреќна љубов и скршени срца. Но, додека се снимаше никој не ни помислуваше дека оваа песна ќе носи уште една тага, а тоа е згаснатиот живот на Сара Пројковска, која ги пее придружните вокали.

„Песната е готова уште минатата година, јас тогаш најавив две. Но, се случи несреќата во Кочани, па ги повлеков и двете. На двете песни придружен вокал е Сара Пројковска, која за жал го загуби животот во пожарот. Додека ја снимавме песната не ни помислував дека ќе носи толку тага. Затоа песната остана да стои, јас тогаш немав ни желба да ја објавам. Еве по една година ја промовирав и драго ми е што на неа е гласот на Сара. Песната е тажна љубовна балада, па и покрај тоа што носи толку тага во неа наиде на голем одзив кај публиката“ – изјави пејачката.

Мими за песните секогаш соработува со врвни авторски имиња, па така е и сега. Музиката е на Филип Нуне, аранжманот на Дамир Имери, додека текстот на Огнен Неделковски. Продуцнт е Мите Димовски и во неговото стоудио „Тралала“ е снимена.


Задолжен за спотот е Даниел Јовески и неговата „Sustain Production“. Придружните вокали се на Сара Пројковска, Ана Костова и Драги Лазев. Гитарата е на Гуру Харе, Горан Гешовски на бас гитара и Дамир Имери на пиано.

Инаку Мими Јовановска пред крајот на минатата година ја објави и љубовната балада „Те сакам“, веќе се во подготовка уште нови песни. Таа е и дел од „Бендот на браќата Нуне“, кои наскоро ќе промовираат многу новини од нивната музичка кујна. Парлелно со новите песни ги чека и летната сезона на настапи низ државата, но и надвор од неа. За наесен веќе ги пакуваат куферите за преку барата.

https://www.youtube.com/watch?v=obONhrqpX8M