На 19.04.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Киро Фетак“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(34) од с.Трубарево, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.И.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.







