На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј од река Вардар, Г.А.(27) од Скопје, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патеката.
Притоа, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.







