ТФТ со кош во завршницата го совлада МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарите на ТФТ го совладаа попладнево МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 во дерби натпреварот од второто коло во ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата.

ТФТ до триумфот дојде со фуриозна игра во четвртата четвртина во која надомести негатива од 14 поени, триумфирајќи со тројка на Ташовски во последниот напад.

Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека на другата страна Војдан Стојановски и Меквин реализираа по 18 поени.


ТАБЕЛА

ТФТ 24 21 3 1990:1736 45
МЗТ Скопје А. 24 20 4 1910:1702 43
Пелистер 23 15 8 2086:1879 38
Кожув 23 12 11 1909:1877 35
Маџари 23 12 11 1824:1815 35
Тиквеш ГИ 23 11 12 1809:1808 34.