Средба на јавниот обвинител Савески со холандската амбасадорка Џанел

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја, Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција.

– Амбасадорката Џанел му честита на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство – се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.


За јакнење на јавната доверба во институцијата, и двајцата ги истакнале како клучни транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и изедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во исправноста на одлуките.