Пендаровски за Илинден во Пелинце, средба и со Вучиќ кој ќе го пречека во „Св. Прохор Пчински“

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Како што информираат од неговиот Кабинет, тој ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.