Се ожени со мистериозната девојка: Даниел Кајмакоски по втор пат стапи во брак 

Пејачот Даниел Кајмакоски, со фотографија на Инстаграм откри дека штотуку се венчал со својата љубена, на која ѝ го крие името од јавноста.

Ти си сè што некогаш сум посакувал – напиша Кајмакоски под една од нивните заеднички фотографии и додаде дека се чувствува благославен.

Ова е втор брак за Даниел, кој стави крај на бракот со манекенката Кристина Димитријевска во 2020-та година. Со неа го има и синот Давид.