👁️  432

Манчестер сити – Баерн Минхен е супер натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Елјиф Елмас и неговиот Наполи во италијанското дерби ќе играат против Милан. Последните два шампиона Реал Мадрид и Челси ќе се сретнат во оваа фаза од натпреварувањето, додека Интер повторно извлече португалски тим, па по Порто ќе игра со Бенфика.

Победникот од четвртфиналето меѓу Милан и Наполи во полуфиналето ќе игра со подобриот од Интер и Бенфика, додека второто полуфинале ќе го сочинуваат победниците од мечевите меѓу Реал/Челси и Сити/Баерн Минхен.

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 11. и 12. април, додека реваншите се закажани за 18. и 19. април. Полуфиналните мечеви се закажани за 9. и 10. мај, односно 16. и 17. мај.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4 ФИНАЛЕ:

РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛСИ

ИНТЕР – БЕНФИКА

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАЕРН МИНХЕН

МИЛАН – НАПОЛИ

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/2 ФИНАЛЕ:

МИЛАН/НАПОЛИ – ИНТЕР/БЕНФИКА

РЕАЛ МАДРИД/ЧЕЛСИ – МАНЧЕСТЕР СИТИ/БАЕРН МИНХЕН