ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕЛА ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА: Израелската војска уништи голем подземен тунел на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска уништи голем подземен тунел на Хезболах во јужен Либан, изјавија премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава, пренесува ДПА.

Тунелот бил дел од „терористичката инфраструктура“ на либанската милиција во близина на селото Мајдал Зун, се наведува во заедничкото соопштение објавено синоќа.

Во соопштението се наведува дека тунелот бил долг повеќе од 200 метри и длабок повеќе од 25 метри. Во него биле пронајдени стотици парчиња оружја и неколку силоси за лансирање наменети за напади врз израелска територија, наведоа двајцата.

Војската соопшти дека тунелот бил на околу 10 километри од израелската граница.

Израел ги информирал САД однапред за операцијата за уништување на инфраструктурата, се додава во соопштението, наведува ДПА.


Либанците изјавија дека земјата се тресела за време на огромната експлозија.

Во јужен Либан и натаму е тензично и покрај официјалното прекин на огнот и договорот за рамковен договор меѓу Израел и Либан.

Двете земји во петокот се согласија за патот кон мир и безбедност по децении војна. Хезболах, меѓутоа, го отфрли договорот. Милицијата не беше вклучена во преговорите и цврсто го отфрли разоружувањето предвидено со договорот, потсетува германската агенција.

За разлика од барањата на раководството во Техеран и Хезболах, рамковниот договор бара од Израел целосно да се повлече од јужен Либан само откако недржавните групи како што е Хезболах ќе бидат разоружани. Меѓутоа, договорот предвидува израелската армија постепено да се повлече од две зони, кои потоа би биле под контрола на либанската армија.