Имав биоразградливи штрафови во коленото, па еден од нив се скрши и имав огромни болки“ – информира Малума за операцијата на коленото што неодамна му беше направена. Згодниот колумбиски пејач сега танцува на социјалните мрежи со бастун и по влечки.

Колумбискиот заводник Малума (28), познат по соработките со голем број познати пејачки како Џеј Ло, Шакира и Мадона, како и по тоа што играше во филмот Marry Me, заедно со Џеј Ло, неодамна ги информираше своите фанови дека ќе треба да направи операција на коленото.

Тој објави фотографија од себеси во болница и појасни дека имал помала интервенција на коленото. По операцијата ги информираше своите фанови дека се чувствува добро и дека закрепнува.

Кога времето е лошо, насмевни се. Треба да ми направат помала операција на коленото, но со вашите молитви и со позитивна енергија, верувам дека сè ќе биде добро. Ве сакам“ – напиша тој до фотографијата.


Инаку, претходно пејачот појасни дека процедурата била направена како последица на претходна операција што ја имал пред две години, кога имал повредени лигаменти на коленото.

„За време на првата операција на коленото, пред околу две години, ставија биоразградливи штрафови, па делче од тие штрафови се откачи и почна да ми шета низ коленото и трпев огромни болки.

Не можев ниту да нагазам на стапалото, не можев да се наведнам и сè се случи преку ноќ, мислев дека тоа е последица од многу вежбање, или премногу физичка активност… Фала му на Бог, добро сум, а операцијата беше успешна“ – рече тој.