Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради затворањето на рускиот генерален конзулат

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изрази „огорченост поради одлуката на Романија да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера конзулот“.

Таа ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ за одлуката што ја објави романскиот претседател Никушор Дан.

„Соодветните мерки во врска со прогласувањето на рускиот генерален конзул за персона нон грата и затворањето на Генералниот конзулат нема долго да чекаат“, рече Захарова.

Таа претходно изјави дека сите обвинувања за руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и недокажани.