Загреб заборави да го пријави засилување за стартот на Лигата на шампионите

Ракометарите на Загреб загубија во 1. коло од групата А од Лигата на шампионите. Германски Кил славеше во Загреб 30:23.

По натпреварот тренерот на Загреб, Славко Голужа откри дека хрватскиот шампион направил голема грешка. Загреб летово го донесе Полјакот Патрик Валчак, но тој не играше против Кил бидејќи клубот заборави да го пријави за Лигата на шампионите.