Загина маж во струмичко со трактор удрил во метална шипка, ова се деталите

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с.Моноспитово-струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со трактор удрил во метална шипка од пластеник и притоа се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.