-Доколу би имало ообвинителен акт за тероризам на него би се нашле Заев, Талат Џафери и сите тие што беа таму, осудените пак за 27-ми април беа неосновано ставени во затвор, а целта на власта предводена од Заев беше токму таа – да се заплашат граѓаните на Република Македонија за да не се дозволи поинаква разврска не нештата од она што им беше планирано да се случи, изјави безбедносниот аналитичар и поранешен прв антикорупционер Восилав зафировски во интервју со Љупчо Цветановски за ТВ Алфа.
Вистинските терористи чие дејствување целосно одговара на квалификацијата која беше употребена за патриотите од 27-ми април се токму членовите на минатата Влада, посочува Зафировски, појаснувајќи дека кај Уставобранителите немаше поврзаност со странски служби која беше очигледна кај Заев и екипата која дента го погази македонскиот Устав и собранискиот Деловник со цел потчинување на државата и менување на името.
-Најмногу ме изненади квалификацијата на делото која им се стави, а тоа е тероризам. Има повеќе дефиниции за тоа што е ТЕРОРИЗМОТ. Меѓутоа, една е за мене многу валидна и многу точна. Тоа е дека тероризмот подразбира незаконска примена на сила од страна на поединци и групи директно потпомогнати од странски сили или активности кои ги надминуваат националните граници на државата со цел да го заплашат народот и да остварат одредени цели кои се спротивни на волјата на граѓаните. Знаеме кој го поддржа пучот кој се случи во Собранието на 27-ми април во пленарната сала. Тоа беа пет странски амбасади. Тие 5 амбасади го поддржаа тоа што се случи на незаконит начин и промовираа еден наметнат режим во Република Македонија, којшто им требаше за да им заврши работа за да се смени името на Република Македонија и за сметка на тоа да внесат дополнителен страв кај македонските граѓани со квалификацијата на делото за патриотите дека тоа е „терористички чин“. Тие не беа поддржани од странска служба, ако беше така тоа требаше да го докаже Вилма Русковска, но тоа не се случи. Напротив, странските служби поддржаа нешто што беше спротивно и на Уставот и на собранискиот Деловник, потенцира Зафировски во „За или против“.
Безбедносниот аналитичар цени дека мора да има одговорност за голготата на македонските патриоти од 27-ми април, особено поради фактот што двајца, Игор Југ и Кире Ѓорѓиевски веќе не се меѓу нас и починаа во затвор.
-Дефинитивно, некој треба да одговара затоа што се загубија два живота. Тие ќе беа меѓу нас доколку не беа во затвор и водеа грижа за сопственото здравје. Мислам дека и ден-денес ќе ги имавме меѓу нас, без сите тие нервози и грижи кои ги имале во затворот. Човек ќе се скара дома или со комшијата, па не спие со ноќи, па камоли една ваква ситуација – да те прогласат за терорист, заклучува Зафировски, очекувајќи Јавното обвинителство да преземе чекори за лоцирање одговорност за направената штета, што подразбира и рехабилитација и отштета за сите неправедно осудени патриоти од 27-ми април.
https://www.youtube.com/watch?v=eNa0WM3kgEE








