Заев го БОЈКОТИРАШЕ обраќањето на Венко: Поважен му бил „ТОЈ ФИЛМОТ“

„Порака во шише“ или акутна ноншалантност на вистинскиот лидер на СДС? Зоран Заев вчера се појави на фајронт на забавата на Бихаќка и го бојкотираше говорот на својот октроиран наследник Венко Филипче. Дали свесно или не ја прескона тирадата на чуварот на тронот?

Веројатноста за јасна порака во доцното доаѓање, бојкотот и пропуштањето на свеченото обраќање е голема, сообено затоа што доаѓа на 35-годишнина која СДС ја „слави“ со најнизок рејтинг во историјата, а за него е заслужен токму „лидерот“ Филипче. Го казни ли Зоки неспособниот наследник?

На видеото може да се слушне како Заев  инфантилно се извинува за доцнењето, велејќи: „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тоj филмот“.

И самите сопартијци беа видно изненадени од неговото доцнење , а на нивните подбуцнувачки прашања зошто го нема тој во својот препознатлив црпнат стил одговараше:


„Не бе, не бе, тука сум јас, тука сум!“

Од старата СДС гарда на роденденскиот коктел беа присутни само тој и неговите приврзоци Бучко и Зечевиќ. Другите беа од пратеничката група. Никој друг од поранешната СДС ергела. Јасен сигнал што мислат за новото раководство. Уште појасен знак што ги чека на следните избори. Ако воопшто ова раководство и ги дочека истите во овој формат, барем според „доцнењето“ на Заев кое е силна шлаканица за Венко, Фани, Јон, Богданка, Жерновски и Ана Ве мрзам сите Ч.

Најголемо изненадување, сепак, беше што воопшто дојде. Низ кулоарите на Бихаќка одамна се шушка дека вистинскиот лидер, кој сега е во „сенка“ (и буквално и фигуративно, првото најчесто на Халкидики и претходно во Дубаи) е многу загрижен за својата слобода и најавите дека доаѓа време на одговорност. Велат и дека имало зошто…