ВРЕДИ се огласија по секс-скандалот на кичевскиот градоначалник

По секс-скандалот во општина Кичево, се огласија од ВРЕДИ.

-ВРЕДИ со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста и во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал.


Од ВРЕДИ порачуваат дека ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на стандард.

-Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел, велат од ВРЕДИ.