На 28.04.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(26) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(32) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни повреди неговиот сопатник Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.







