Почитувани никако, одредени маргиналци од СДС, пред заминувањето во долга опозиција не се во состојба да разберат една основна работа.

Безпредметните кривични пријави и уште повеќе празните прес – конференции држени од уште понебитните случајни ликови се само признание на немоќта, очајот и страшната криза во која секојдневно се подлабоко и подлабоко тонат.


Почитувани, сигурни сме, дека дури и на овие аналфабети локал таканаречени политичари јасно им е дека со празните кривични пријави нема да го покријат лошиот рејтинг заради страшната економска криза која ја создадоа, нема да се искупат за извршеното национално предавство, за огромните скандали на криминал и корупција со своите партнери од ДУИ. Не се толку наивни и глупави да поверуваат дека преку силувањето на јавноста со тезата сите се исти ќе можат да го избегнат или да го намалат страшниот пораз на претстојните избори!

А ваквите неважни, случајни галамџии како советничката со прес – конференцијата, брзо брзо ќе бидат заборавени, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.