Министерството за здравство информира дека испораката на лекот еритропоетин во јавните здравствени установи е во тек и се одвива согласно количините обезбедени преку спроведените јавни набавки.
Од компанијата-дистрибутер информираат дека испораката веќе е започната во здравствените установи, а во текот на утрешниот ден еритропоетинот ќе биде доставен и во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.
Министерството за здравство останува во постојана координација со надлежните институции и добавувачот, со цел навремена и континуирана достапност на терапијата за пациентите.







