Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова во среда попладнето ќе престојува во Софија, на средба со својата бугарска колешка по должност Илијана Јотова, пишува порталот НетПрес.
Средбата е по иницијатива на македонската страна, дознаваме.
Засега нема најава за темите на кои ќе се дискутира во Софија, и не е позната прецизната агенда на патувањето на Силјановска Давкова, кое доаѓа во период кога македонските власти прават напори за интензивирање на евроинтеграциите, за кои засега како пречка се поставува инсистирањето на Софија за уставните измени.






