На 10.05.2026 околу 14:31 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на магистралниот пат во с.Тработивиште, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Б.(29) од Кочани и мотоцикл со кочански регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(63) од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Делчево.







