Во Битола ќе нема руски почесен конзул – одговори и руското МНР, вие сте слепи

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Македонија ја информирала за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Русија во Битола.


„Нема сомнеж дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Овој напад има за цел да го продлабочи јазот во руско-северномакедонските односи формиран врз основа на зависното однесување на Македонија и да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок врз Русија се вели во соопштението на Министерството.