ВМРО-ДПМНЕ: Вистината ве боли, денес родот завршува на пазар, не на буниште

Лудилото на СДС нема крај, немаат чувство за реалност.

Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро.

Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие.

Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Нема зелка што се тркала по улици, симбол на вашата неспособност.


Наместо да држите прес конференции колку да пополните агенда и да ширите паника, признајте дека земјоделството денес е одржливо, за разлика од хаосот што го оставивте.

А, што се однесува до вашите „скандали“ со млечните производи, што е уште една евтина ваша манипулација, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство функционира и контролира, за разлика од вашето време, кога не се знаеше каде завршува храната со откриени пестициди.

Вашиот проблем е што реалноста не ви одговара.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ