👁️  12

Русковска обвинителството и Кацарска судството со нов дебакл, реагира ВМРО-ДПМНЕ по пресудите од Стразбур за притворите на Митко Пешов и Спиро Ристоски.

Највисокиот суд во Стразбур одлучи дека поранешниот министер Спиро Ристовски незаконски бил држен во притвор за случајот 27ми април. Тоа значи дека биле повредени неговите права и незаконски, против правно бил лишен од слобода. Целиот случај е правна камиказа и е граден врз политички мотиви, наместо правни аргументи. Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска судството и Русковска обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе. Поради пресудата за 27ми април Кацарска сега е наградена во уставен судија за нејзина претседател, а Русковска остана да биде синоним за срамните обвиненија. Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот совет. Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат. Наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч, истакнува партијата.