По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ. Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бандитите од европската ДУИ го загрозиле авиосообраќајот, само затоа што вработените не го прифаќале диктатот на власта за партиските вработувања на ДУИ. Агенцијата за обезбедување блиска до ДУИ не го заштитила објектот и дозволила влез на бандитите кои тепале вработени. М-НАВ наместо да го раскине договорот со Агенцијата за обезбедување, тие и понатаму продолжуваат да ги користат нивните услуги, иако истата не била на висина на задачата, велат од партијата.