Владимир Четкар со одличен концерт во најпопуларниот џез клуб во Унгарија, Budapest Jazz Club

Македонскиот џез музичар Владимир Четкар концертно се претстави во саботата во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club.

Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое  редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез.

-На истиот ден во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале на лигата на шампиони и беше огромен предизвик успешно да се одржи овој концерт токму поради огромната фудбалска еуфорија која владееше во градот. Сепак за среќа се се заврши одлично а концертната сала беше преполна благодарение на верните унгарски фанови кој низ годините внимателно ја следат и подржуваат работата на Четкар преку нивните национални и специјализирани радио станици меѓу кој Petofi Radio, Jazzy Radio…, посочуваат од тимот на Четкар.