
Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Поранешен полициски инспектор и претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.
Набрзо македонската влада ако така може да се нарече ќе замине во заборав и на нејзино место ќе дојде техничка влада која ќе има за задача да ги спроведе парламентарните и председателските избори во РМ. Оваа влада и предходната предводена од СДСМ и ДУИ ќе ја запаметиме по три основни негативни работи и тоа: по кршење-непочитување на македонскиот Устав и законите, по распродажба на македонските национални интереси и по економското опустошување на Македонија и прекумерното задолжување.
Кршењето на Уставот отпочна со насилниот начин на избор на Г-дин. Талат Џафери за Председател на македонскиот парламент. Создадоа без потребно ново министерство, Министерство за политички систем, дефакто министерство на ДУИ каде измислија нова функција која не е предвидена во ниеден правен акт, а тоа е Прв Вице Премиер и кое работи исклучиво за албанските интереси, но не и за интересите на останатите националности. Во истото министерите на ДУИ играа фудбал и кошарка со што ги иретираа граѓаните на РМ.
Идната влада тоа монистерство веднаш треба да го укине или функцијата министер на тоа министерство стане ротациона од по една година од страна на останатите националности (турци, роми, срби, албанци и др.) Спротивно на Уставот на РМ донесоа закон за јазиците, а всушност закон за примена на албанскиот јазик како службен на целокупна територија на РМ и онаму каде не живее нити еден албанец иако албанците во РМ се некаде 20 % со што РМ ја претворија во двонационална федерална држава. Составија влада спротивно на изборните и други закони, а која влада ја поделија на македонска и албанска иако ДУИ има околу 15-тина пратеници или вкупно околу 30 пратеници албанци наспроти 90-тина македонски пратеници. Спротивно на член 9 од Уставот на РМ кој укажува да сите граѓани пред уставот и законите се еднакви, објавуваа конкурси за вработување со нагласување да се бараат кандидати албанци, роми турци и сл. но не и македонци. Против македонските национални интереси потпишаа асиметрични договори и тоа спротивно на уствот ги потпиша министерот за надворешни работи наместо Председателот на државата со кои договори РМ ја доведоа во потчинета положба во однос на Грција и Бугарија. Со тие договори најпрво се откажаа од македонските малцинства во тие држави иако македонското малцинство во Бугарија има добиено 16 пресуди за нивните права од меѓународниоит суд за човекови права во Стразбург кои пресуди Бугарија не ги признава. За возврат на тоа неспособната македонска влада и дипломатија прифатија измислено бугарско малцинство во РМ да го вметнат во македонскиот устав што покасно стана и услов за преговори на РМ со ЕУ.
Отидоа дотаму што под притисок на Грција а спротивно на интересот на македонскиот народ, го сменаа уставното име на РМ во страмното и неприфатливото Северна Македонија и тоа за севкупна употреба (од 120 земји бевме признати под уставното име, предходно никој политичар не прифати промена на името ). Од Уставот го исфрлија АСНОМ кој е темел на РМ и со кој РМ беше создадена 1944 год, по НОБ во која загинаа 40.000 македонци и по некој од другите националности, а го вметнаа Рамковниот Охридски договор кој под присилба беше потпишан и стана пречка за сестран развој на РМ. Се откажаа од македонската славна историја, се откажаа од Александар Македонски, од славните македонски револуционери и просветители, формира историски комисии за преговори со Грција и Бугарија а кои прифаќаат се што им сервираат тие држави во смисол на промена на македонската историја, наука, култура и сл. Ги натераа и малтретираат македонските граѓани предвремено да ги менуваат личните документи на сопствена сметка, иако Грција ништо не исполни од обврските. Отидоа дотаму што на техничката влада поставуваат албанец за технички премиер иако тоа не е предвидено во ниту еден закон, но само му угодуваат на коалициониот партнер ДУИ.
Во РМ секој можи да биде председател, премиер или функционер од која било националност, но да работи за македонските интереси и за сите граѓани, а не како претставниците на ДУИ кои работат како тие велат за албанските интереси. Неосновано ги осудија на драстични казни Уставобранителите за неиздржано кривично дело Тероризам, а кои се бореа против тиранската платформа. Нивното владење ги следат бројни афери и криминали за кои никогаш немаше судска завршница. Земете го примерот со давање на македонско државјанство и пасоши на 200-тина познати белосветски криминалци. Одговорност побара и ја осудија службеничката но не и некој нејзин повисок раководител во МВР на РМ. Или земете го примерот со проектот за “Магарињата“ каде беа злоупотребени големи количини на пари, никогаш не дознавме за судската завршница. Да не зборуваме да сите овие години нема поведено нити една кривична постапка за злоупотреба на службената положба против функционери на ДУИ. Економски ја опустошија РМ со злоупотреба на државниот капитал и со секојдневното огромно задолжување кај меѓународните кредитори.
Постојано даваат некаква материјална помош на наводно социјално загрозени граѓани и семејства, а од која помош никој невиде и немаше корист. Македонија ја претворија во најсиромашна држава на Балканот односно ја доведоа на рамниште на некои афрички држави. Потпишаа некои сомнителни договори за изградба на патишта но од тоа не видовме ништо. Ги зголемија цените на нафтените деривати, струјата но и храната со што драстично го намалија стандардот на сите граѓани. Сите актуелни функционери си ги зголемија палтитите за 78 % а на останатите вработни селектвино му ги зголемија платите за 10% со што предизвикаа огромно незадоволство, а кое се манифестираше со секојдневни демонстрации. Очигледно владините функционери работеа, си ги оствруваа личните интереси и туѓите интереси, но не и интересите на македонскиот народ. Не ефикасно се справија со ковид кризата иако дадоја и потрошија огромни материјални срества а по смртност бевме на 5-то место во светот. Според предходото неопходно е промена на власта во РМ и барање на одговорност за сите направени злоупотреби и распродажби на националните интереси од владата во заминување. Македонскиот народ и грѓаните на наредните парламентарни и председателски избори да ги имааат во прдвид сите овие и други негативности кои оваа влада ги направи во РМ и гласот да го дадат на оние поединци и политички партии кои во идниот период ќе ја подобрат севкупната состојба во РМ.
10.01.2024 Битола