Влада: Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста ќе се финансираат 32 проекти

Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите.

-На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој, соопштуваат од Владата.


Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од 74.839.946 денари.

-Со овие програми, Владата ја потврдува својата определба за еднаков развој на сите региони, поддршка на локалните заедници и создавање подобри услови за економски раст и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од држава, се наведува во соопштението.