ВЛАДА: Мицкоски денеска на пуштање во употреба на булевар и увид во изградбата на кружниот тек на влезот во Гевгелија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски” во Гевгелија.


Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на брзодинамичниот кружен тек на влезот во Гевгелија, на мостот над каналот „Рауљ”, на реконструкцијата на булевар „Гевгелија”,  како и на надвозникот на улица „Железничка”.