👁️  2140

Група од неколку млади момчиња и девојки во саботата во Славонски Брод во Хрватска учествувале во масовна тепачка, во која брутално било претепано момче облечено како Дедо Мраз. На социјалните мрежи се рашири видео од бруталното насилство, а инцидентот го потврди и хрватска полиција. На видеото од тепачката се гледа како млад човек облечен како Дедо Мраз лежи на патот, а друг млад човек силно го удира со нога по главата, по што тој паѓа во несвест на асфалтот.

На местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници, каде што затекнале 21-годишен маж под дејство на алкохол, со измерени 1,82 промили во крвта и кој почнал да ги навредувал полициските службеници. Тој бил приведен со употреба на принуда“, информира хрватската полицијата.

Против 21-годишниот маж ќе биде поднесен обвинителен акт за сторени прекршоци од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Оттаму додаваат дека тој е „предмет на натамошна кривична истрага поврзана со кривичното дело “учество во тепачка“.

Во Општата болница во Славонски Брод дошол уште еден 21-годишен маж, кој бил учесник во тепачката, каде му била констатирана тешка физичка повреда и по укажаната лекарска помош бил пуштен дома.

Според неофицијални информации, во тепачката учествувал и припадник на хрватска армија, а Министерството за одбрана најостро го осуди инцидентот и побара од Воената полиција да преземе истрага. Министерството за одбрана споменува дисциплинска постапка доколку се докаже одговорност на воен припадник.