👁️  17.929

Иако Апелација ја укина првостепената пресуда за полицаецот од Битола како неоснована, Основниот Кривичен Суд Скопје на 30.05.2022 година повторно донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година, соопштија од Хелсиншки комитет.

Во Македонија секогаш важела она „ВИСТИНАТА ИМА ДВЕ СТРАНИ“.

Доста актуелниот случај на претходното видео каде што се гледаше дека полицаец од Битола при извршување на своите професионални работни задачи нападнал лице од Ромската заедница сепак има две страни.

На видеата кои што ви ги претставуваме точно се гледа почетокот на случајот како полицаецот бил ПРВО НАПАДНАТ од страна на лицето во алкохолизирана состојба.

Видео 1:

Сите знаеме дека полицаецот беше доста осудуван за овој инцидент, но никој не образложи како тој навистина се случи. Мора да наведеме дека сообраќајната несреќа се случила до овие исти лица кои во алкохолизирана состојба се обиделе да побегнат од полициските службеници но и непосредно после сообраќајната несреќа припадниците на полицијата биле навредувани (со пцовки) како и нападнати од страна на лицата во алкохолизирана состојба и обид да му го одземат полицискиот пендрак на еден од полицајците, каде во легната положба лицето го удира полицаецот со полицискиот пендрак по нозете, со што полицискиот службеник се обидува да го онеспособи. На видеото можете да видите како полицискиот службеник е нападнат со удар во градите (погледнете видео).

Од страна на очевидци кои присуствувале директно на настанот било констатирано дека пред Брзата помош прво му била укажана помош директно од полициските службеници.

При обидот да побегнат направиле сообраќајна несреќа, но мора да напоменеме дека на само 3 метри од местото на сообраќајната несреќа има сендвичара – место доста познато и прометно за битолчани. Што ако се случеше да настрадаат невини лица заради овие лица кој што очигледно го прекршија законот? Не заборавајте да СПОДЕЛИТЕ вистината да допре до секого!

Видео 2

Очигледно кај нас секој прави што сака особено ако е припадник на некое од малцинствата во Република Македонија.

До кога ќе дозволиме прекршителите на законот во Македонија како во многу случаи, измамници, па дури и убијци како во еден случај да не одговараат пред законот само затоа што се потпираат на национална малцинска основа?

Изминативе денови сме сведоци на напади во повеќе градови од страна на цивили врз полициски лица. Владеењето на законот во Македонија полека но сигурно се губи. Малцинствата се заштитени и кога го кршат законот. При секое кршење на законот наместо да одговараат тие се повикуваат на дискриминација.

Почитувани објавуваме три видеа со иста содржина каде може и да се долови моментот кога полицискиот службеник од Битола бил нападнат.

Видео 3

извор: порта мк