ВИДЕО: ШОК – Селекторот на Конго на прес-конференција дозна дека татко му починал

Селекторот на репрезентацијата на Конго, Себастиен Десабр, доживеа шок кога јавно му беше соопштено дека неговиот татко починал.

На крајот од прес-конференцијата, по поразот од Англија на Светското првенство, портпаролот му изрази сочувство на Десабр за загубата, но по неговата реакција, очигледно тој тогаш ја дозна информацијата.

-Ви благодариме. Сакаме да соопштиме дека селекторот го загуби својот татко. Му изразуваме искрено сочувство, кусо беше изјавено.

Конго беше поразен од Англија со 2-1, а херој на „Гордиот Албион“ беше Хари Кејн, кој со два погодоци ја однесе својата селекција во осминафиналето, каде што ќе се соочи со Мексико.