ВИДЕО: Навивачите на БиХ донесоа гигантско ѓезве на Светското првенство во САД

Фудбалерите на Босна и Херцеговина го одиграа последниот пријателски и подготвителен натпревар во Сент Луис пред почетокот на Светското првенство следната недела. Тие одиграа 1:1 со Панама и потврдија дека ова може да биде едно од поинтересните натпреварувања во последно време.

Босна и Херцеговина си најде место во Мундијалот победувајќи ја Италија на пенали во плејофот, а навивачи на оваа земја веќе ги преплавија Соединетите Американски Држави, па може да се каже дека оваа земја од Балканот има огромна поддршка од трибините, што беше случај и во Сент Луис.

А она што изненади многумина беше фактот дека навивачите на Босна и Херцеговина успеаја да донесат исклучително неверојатен реквизит со себе во Америка. Станува збор за огромно, дури може да се каже и гигантско, ѓезве за кафе од кое се подготвува најомилениот пијалок.

Многу Американци не можеа да поверуваат што гледаат пред стадионот, каде што навивачите на Босна и Херцеговина точеа кафе од она што го нарекоа „најголемото кафуле на планетата“.

Сепак, секој на Балканот знае дека не можете да одите никаде без кафе, домашно кафе. Дури ни на другата страна на планетата.