👁️  1384

Снимката на социјалните медиуми на која со тупаници и шлаканици се тепаат наставничка и ученичка во Роки Маунт, во американската држава Северна Каролина, го привлече вниманието на локалната полиција да го истражи детачно случајот.

Наставничката која била ангажирана како замена во училиштето, го одзема телефонот на ученичката по што сакаше со сила да си го врати назад.

Зошто правилата не важат за сите? Тоа е мојот телефон“, извика ученичката. Заменичката наставничка, која е идентификувана како Ксавиера Стил, одговари: „Тоа важи за сите“. „Не. Вие не му го зедовте телефонот на никој друг“, вели ученичката, која се чини дека се обидува да го грабне телефонот од раката на наставничката, која неколкупати ја повикува да не ја допира.

Од тука почнува насилството од двете страни, ученичката замавнува, а наставничката жестоко ја соборува, ја удира додека се наоѓа на подот.