Актерот Двејн Џонсон се појави на Мет Гала во издание кое привлече големо внимание од јавноста. Ова беше и негово прво појавување на овој престижен моден настан, каде што пристигна со сопругата Лорен Хашиан.
Џонсон носеше црн фрак и бела машна, во комбинација со соодветно плисирано здолниште од дизајнерот Том Браун.
Според дизајнерот, фракот имал повеќе од 350 метри рачно плисирани свилени ленти во „скелетен состав“. Луксузниот часовник Jacob & Co. Billionaire III исто така привлече посебно внимание. Со вредност од 3,3 милиони долари, се смета за еден од најскапите што некогаш се носеле на скалите на музејот за време на овој настан.
Зборувајќи за своите модни избори, Џонсон истакна дека пронашол инспирација во полинезиската култура.
„Се чувствувам одлично. Прво, Браун им испрати на екипата илустрации и праша: „Еј, дали Двејн ќе биде среќен со ова плисирано здолниште?“ И реков: „Види, во нашата полинезиска култура, носиме лавалавани здолништа.“ Најмажествените мажи, не дека сум еден од нив, но најмажествените мажи носат лавалавани и здолништа“, рече тој.
Ова не е првпат актерот да зборува за мажественоста.








