„Гоце Делчев не е важен за македонскиот идентитет и тој не направил ништо за Македонија“. Овој навредувачки и понижувачки став доаѓа од Рубин Земон, член на раководството на СДСМ.
Претставувајќи се себеси како научник, Земон кој е член на ЦО на СДСМ „удри“ по Гоце Делчев во обид да им се додворува на Бугарите со кои дебатираше онлајн.
-Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него. Требаат аргументи и докази. Која книга Гоце Делчев ја напишал? Што напишал човекот? Каде војувал? – рече тој.
Овој текст, симболично, можеме да го завршиме со цитатот од Гоце Делчев, кој многу добро ја опишува и оваа ситуација: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“







