Хумнитарна акција на УМС ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, потпретседателот на УМС, Горан Степановски повика да помогнеме на сите граѓани на кои им е потребно.
Денеска како Унија на млади сили во Битола и на територија на цела Македонија ја организираме хуманитарната акција под мотото ,,Биди хуман – предизвикај насмевка”. Хуманитарна акција која во деновите што следуваат ќе биде распределена онаму каде што е најпотребно.
Како млади и дел од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, организираме ваква акција со која што пред новогодишните и божиќните празници да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.
Ги повикуваме сите граѓани на нашите пунктови кои се наоѓаат во 30 населени места низ Македонија, да дадат свој придонес со кој ќе изнудат насмевка на лицата на најмладите и нивните семејства.
Да бидеме хумани и солидарни, да подадеме рака и да се грижиме за сите околу нас, порача потпретседателот на УМС ВМРО ДПМНЕ, Горан Степановски.









