Вестбрук потпиша за Сакраменто Кингс

Расел Вестбрук има нов клуб! Легендарниот плејмејкер и поранешен МВП на НБА лигата официјално потпиша договор со Сакраменто Кингс и ќе ја започне својата 18. сезона во најсилната лига на светот.

Според американските медиуми, Вестбрук потпишал едногодишен договор вреден околу 3,6 милиони долари, што е минималната плата за ветерани.

По минатата сезона во дресот на Денвер Нагетс, каде што бележеше 13,3 поени, 6,1 асистенции и 4,9 скока по натпревар, 35-годишниот бек ќе се обиде да внесе искуство и енергија во младиот тим на Кингс.