Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на спринт на Големата награда на САД вечерва во Остин.
Холанѓанецот заврши 0,395 секунди пред второпласираниот Џорџ Расел од Мерцедес.
Третото место му припадна на Карлос Сајнц од Вилијамс, 0,791 секунди зад победникот.
Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис се судрија во првиот круг. Пјастри го удри автомобилот на Нико Хулкенберг, а потоа се удри во својот клупски колега. Двајцата возачи не ја завршија трката.
Со победата, Верстапен ја намали разликата со лидерот во шампионатот, Оскар Пјастри, на 55 поени, а со второпласираниот Ландо Норис на 31 поен.
Главната трка за Големата награда на САД ќе се одржи утревечер во Остин од 21 часот по македонско време.