Венко Филипче е новиот претседател на бугарскиот задграничен комитет на партијата на Радев во Македонија

Постои неверојатна сихронизираност помеѓу Венко и СДСМ и Бугарската надворешна политика. Без разлика дали на власт во Бугарија е Бојко Борисов, Кирил Петков или Румен Радев, СДСМ недвосмислено и жестоко работат за бугарските национални интереси. Не е тајна дека без разлика која политичка партија е на власт во Бугарија, јасно е исцртана стратегијата на Бугарија во однос на македонското прашање, тоа е потврдено и од Собранието на Бугарија каде што и впрочем едногласно се изградени и зацементирани бугарските позиции. Зад таа платформа стои бугарската тајна служба, бугарската историска елита и бугарската православна црква. Сите тие три елементи повеќе или помалку со силни врски со Руската надворешна политика. Оттаму не е јасно ( за јавноста) зошто СДСМ е во рацете на овој бугарски апарат? Една од претпоставките е дека станува збор за силна операција на бугарската служба во етаблирање на Заев во врвот на СДСМ, секако уценет. Втората претпоставка е дека станува збор за многу црни пари, по принципот на грчките служби во раните 90 ти каде милиони се шетаа по актовки према Фрчковски и компанија. Зошто тој модел не би бил употребен и сега кога во СДСМ работи истиот принцип, луѓе, ум итн. Продажба на националните интереси и не е некој проблем за СДСМ. Еднаш направено, зошто не и пак. Да се вратиме на Бугарското прашање. Чудна е конекцијата на СДСМ со Бугарија, која во суштина доктрината на СДСМ се прелева од Комунистичката партија и српските национални интереси, освен ако не станува збор за уцена и пари.

Денес коруптивен политичар лесно може да се уцени, посебно политичар кој во менторство и пријателство му е човек кој еднаш амнестиран за Глобал, а еднаш кога цела Македонија го виде дека бара едно евро за брат му и едно евро за црквата?

Дали се сеќавате дека кога СДСМ беше на Власт неофицијално и незабележано помина веста дека дел од МПЦ побара од бугарската патријаршија да биде мајка црква на нашата архипископија, и таа тоа го одби?

Дали лошиот договор со Софија обременет со комисии и историја е пат поплочен со препреки кои постојат за никогаш да не се договориме? Колку е тоа само антиевропски.


Дали можеби фирмите, сметките и кешот кој се вртат на Заев и Венко во Бугарија се во рацете на бугарските тајни служби и тоа е материјал во кои тие се уценуваат?

Затоа што во пресрет на локалните избори СДСМ најави дека ќе поднесе некаква резолуција за црвените линии во однос на Бугарија, тој чекор се прави ако си амеба во политиката или си уценет.

Денес, кога во ЕУ се водат дебати за можни решенија во делот на процесот на проширување пред се заради војната во Украина, но без конкретен датум. И во контекст на новата влада после изборите во Бугарија и почетокот на новата политичка партија на Радев, повторно Венко работи за бугарските национални интереси, рушејќи ги позициите на Владата на ВМРО ДПМНЕ и Македонија. Бесрамно се наметнува за алтернатива која е спремна да ги руши црвените линии и да биде подобен лик на бугарската надворешна политика.

Нема друга логика, освен дека Венко Филипче под менторство на Заев без разлика кој е на власт во Бугарија, тој во своите позиции е константа, и најверојатно е избран за траен претседател на задграничниот комитет на било која партија и власт во Бугарија, штитејќи ги нивните интереси.