Денеска (21.10.2025) во СВР Охрид е пријавено дека во 08:00 часот на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„15 Корпус“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и велосипедист С.Р.(68) од охридското село Велгошти, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.