Велика Британија воведен нов пакет санкции против Русија

Британското Министерство за финансии соопшти дека воведе нов пакет санкции против Русија, при што се опфатени 85 лица и организации.

Санкции се воведени и против комесарката за правата на децата во регионот Новосибирск, Надежда Болтенко, како и комесарката за правата на децата во регионот Херсон, Ирина Кравченко.


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Лондон вовел санкции против психијатриска болница.

– Кога владата на Стармер воведува санкции против психијатриската болница, време е Лондон да си повика брза помош, истакна Захарова. (МИА)