Лупењето варени јајца може да биде тешка задача, но еден изненадувачки едноставен трик ги вади лушпите веднаш, а за тоа е потребна само една вообичаена кујнска состојка.
Варените јајца се популарна храна за појадок и можат да се додадат во салати или други јадења, особено за дополнителен внес на протеини, но еден од најсложените аспекти на подготовката на јајца на овој начин е отстранувањето на лушпaтa.
Сепак, готвачката Кери Велпдејл, позната на интернет по своите рецепти, сподели едноставен трик во кој покажува што користи за лесно отстранување на лушпите од јајцата, а сè се сведува на додавање прашок за печиво.
Готвачката, чии рецепти се појавија на BBC Good Food, започнува со додавање лажичка прашок за пециво во тенџере со врела вода. Потоа внимателно ги спушта јајцата и го покрива тенџерето со капак.
Откако јајцата ќе се сварат, извадете ги едно по едно, тапкајте ги по работ на тавата и со врвовите на прстите лесно излупете ги лушпите. Можете исто така да го замените прашок за печиво со сода бикарбона.
Јајцата стари неколку дена се познати и по тоа што полесно се лупат од свежите јајца од фарма, бидејќи имаат пониска pH вредност, што ја намалува веројатноста белката да се залепи за внатрешната мембрана на лушпата.
Постојат и други трикови за лесно лупење тврдо варени јајца, вклучително и користење ледена вода. Коосновачот на America’s Test Kitchen и готвач на Cook’s Country, Кристофер Кимбал, претходно ја нарече ледената вода „свет грал“ за лупење јајца. Само треба да истурите ледена вода во сад и да ги ставите јајцата во него да стојат 3 минути.