Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.
Деновиве се активираат активностите и барањата на власта за убедување на македонскиот народ и опзициските партии за наводно оправданото внесување на ново измисленото бугарско малцинство во преамбулата на македонскиот устав, а како услов за продолжување на преговорите со ЕУ.
За таа цел најпрво да видиме дел од преамбулата на Уставот. „ Граѓаните на РМ, македонскиот народ, како и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, бошњачкиот народ и другите, превземајќи ја одговороста за сегашноста и иднинината на нивната татковина, свесни и благодарни на нивните претци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро Република Македонија во согласност со традициите на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на референдумот од 8 септември 1991 год. на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор ја конституираат Република Македонја како самостојна, суверена држава … “.
Со предлогот за уставни измени требало само во преамбулата на уставот во делот каде се наброени деловите од другите народи да се додадат бугарите, црногорците, евреите, хрватите, и еѓипјаните. Тој предлог не би бил страшен и штетен за македонските национални интереси доколку Бугарија како соседна држава членка на НАТО и ЕУ најпрво го признава македонскиот народ како засебен народ со сите индивидуални карактериститки кои ги има како македонскиот јазик, историја, култура и др., потоа го признае македонското малцинство кое живее во Бугарија а кое на пописот од 1956 год. се изјасниле како македонци околу 200.000 македонци.
Бугарија перманентно работи против македонскиот народ и држава со присвојување на македонската историја, македонските револуционери, македонските просветители и култура при тоа непризнавајќи ја засебноста на македонскиот народ.
Најсвеж пример е присвојувањето на најголемиот македонски историски настан а тоа е Илинденското востание од 1903 год. со кое во Крушево е создадена првата Балканска република. Врв на непријателската политика на Бугарија спрема Македонија е поставување на ветото за отпочнување на преговорите на РМ за влез во ЕУ а при тоа измислувајќи бугарско малцинство од околу 3000 бугари кои требало да влезаат во преамбулата на македонскиот устав но како дел од државотворен народ. Во едни вакви корестолации на политички односи но и кога сите анкети укажуваат да околу 80% од македонците се против влез на бугарското малцинство во македонскито устав, актуелната влада, а особено премиерот и министерот за надворешни работи на РМ упорно и насилно настојуваат да бугарите влезат во македонскиот устав. Тоа ми дава за право да се посомневам во исправноста на политиката која ја води актуелниот премиер и министерот за надворешни работи. Имено истиот е поставен за премиер без да учествува на избори, поставен е по мерка и желба на вториот македонски Коте, неговата сопруга купува државно земјиште по едно евро за поставување на фотоволтаици, привелегиран актуелен бизнис, нити еден премиер во ЕУ не дозволил неговата сопруга да отпочне бизнис додека е премиер, сопругите ги придружуваат сопрузите, потоа неговата сопруга е бугарка што дава за право да се сомневаме во политиката која ја води спрема Бугарија.
Министерот за надворешни работи е по род албанец и според начинот на кој ја води надоворешната политика на РМ очигледно работи против интересите на македонскиот народ, повеќе е заинтересиран за интересите на Албанија и Косово отколку за македонските национални интереси. Во нордиските земји не присуствуваше на меѓународни конференција а на која небил поканет и присутен министер за надворешни работи од Косово, вршеше контрола на употреба на албанскиот јазик на целокупната територија на РМ согласно таканаречениот противуствен закон за јазици и онаму каде не живее нити еден албанец. Упорно настојува да во македонскиот устав влези бугарското малцинство, а при тоа небара во меѓународните односи да се спроведат 16-те Пресуди донесени од Судот за човекови права во Стразбург кои се однесуваат на правата на македонците во Бугарија, а кога станува збор за албанските интереси се бори со сите сили. Според предходното очигледно е да оваа власт работи против интересите на македонскиот народ кој и ја создал оваа држава Македонија кога за време на НОБ дала 40.000 жртви македонци и по некој од другите националности.
Потребно е доаѓање на нова власт која ќе биде вистински преставник на македонскиот народ и останатите граѓани, која најпрво ќе работи согласно позитивните закони и ќе ги штити интересите на сите, а истовремено состојбите да ги прикажува реално и вистинито а не филовано и лажно како што прави владата. Ако само ја погледнеме преамбулата веднаш се воочува да сите делови од народи наброени во македонскиот устав за РМ дале жртви, да се залагале за самостојна држава Македонија и сл. Очигледно тоа не е вистина, за време на илинденската епопеја албанците се бореле за албанска држава, за време на НОБ албанските балисати биле во коалиција со фашистичка Италија, Германија и Бугарија и се бореле против македонските партизани. На 8 септември 1991 год. на референдумот за осамостојување на РМ од СФРЈ албанците не гласаа, од осамостојувањето перманентно бараат некакви права притоа обвинувајќи ја РМ кај меѓународниот фактор со што и го забавуваше евроатланскиот процес. Последно е тоа што албанскиот факотор во РМ не го подржува македонскиот народ во однос на проблемите кои ни ги наметна Грција и Бугарија туку напротив впечаток е како да се во коалиција со тие држави против македонскиот народ.
Едноставно во РМ ги имаат сите привилегии, сакаат да бидат на власт, да бидат министри, директори, привелегирано вработување во државните институции и сл., да не плаќаат даноци, комунални давачки. Уставот е јасен, дава права но и обврски за сите, истовремено бараат да се избриши членот од Уставот со кој е овозможено на заедниците со над 20% застапеност да го користат својот јазик како службен јазик. Напоменувам да Малцинства се групи што се разликуваат од мнозискиот народ и чии припадници имаат етнички, религиозни, јазични, расни обележја кои се разликуваат од мнозискиот народ, малцинствата треба да бидат лојални на државата каде што живеат и да работат на сестран развој на државата и сите граѓани во таа држава. Кај нас малцинставата се нарекуваат заедници и целта со вметнување на бугарите и останатите во преамбулата на уставот е да мнозискиот државотворен македонскиот народ се намали бројчано и во букавална смисла на зборот и стане заедница со што РМ ја претвораат во бинационална држава. Впечаток е да РМ ја имаат како крава молзница која сите ја молзат а никој не ја храни и прашање е до кога таа ќе издржи.
Зачудува и тоа што со уставните измени во Комитетот за односи меѓу заедниците владата сака да се зголеми бројот на постојани членови и тоа 16 македонци, 16 албанци и по еден од другите националности, во Македонија мнозиство се македонците. Политичарите во Македонија треба да водат македонска политика која ќе се заснива преоритетно за македонските национални интереси на македонскиот народ и останатите граѓани, политика со користење на меѓународниот принцип „ Реципроцитет“ спрема сите држави вклучително и спрема соседните држави, офанзивна дипломатска политика каде ќе се изнесуваат мелагоманските барања на соседите, политика со која економски ќе се подобри состојбата во РМ и стандардот на граѓаните, политика со која РМ ќе стане правна држава во која законите ќе се практикуваат подеднакво за сите без разлика на статусот, националноста, партиската припадност и сл. Политика со која сите кои ќе се огрешат од законот ќе одговараат, политика со која ќе го слуша и исполнуваат барањата на народот, ќе го штити од разни натрапници, но и ќе се залага за заштита на македонците во соседните држави и дијаспората.
Сите овие изминати години македонските политичари водеа полтронска политика спрема соседните и западните држави со што му ја уништија городоста на македонскиот народ, време е да покажат цврстина, издржаност на сите притисоци и не ги вметнат бугарите во македонскиот устав а при тоа Бугарија да не го признане македонскиот народ како засебен народ и бројното македонско малцинство таму.
Со таква реална законита политика македонскиот народ ќе си ја врати гордоста а РМ ќе се развие во модерна и просперитетна држава.
Битола
09.08.2023 год.