У16: Македонските фудбалерки од денеска на УЕФА развоен турнир

Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.

Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново.


Избраничките на селекторот Катерина Милеска во воведното коло, попладнево ќе играат против Сан Марино.

Во второто коло, в петок, македонските фудбалерки ќе играат против Андора, а на 11 мај против Косово.