На 09.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром- Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Д.М.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека приложила патна исправа со фалсификуван штембил.
Таа е задржана во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.







