Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува конечниот договор за завршување на војната со Иран да биде постигнат „за ден или два“.
Трамп за „Аксиос“ изјави дека американските и иранските преговарачи веројатно ќе се состанат овој викенд.
– Иранците сакаат да се состанат. Сакаат да постигнат договор. Мислам дека состанокот веројатно ќе се одржи во текот на викендот. Мислам дека ќе постигнеме договор во наредните ден или два – рече Трамп во телефонска изјава.
Повеќе американски функционери и други извори запознаени со преговорите изјавија за „Аксиос“ дека, иако е постигнат значителен напредок додека САД и Иран се приближуваат до мировниот план, и понатаму постојат разлики во клучни прашања.






