Трамп се налути по еден ден од самитот во Египет: Мртвите не се вратени, веднаш почнува втората фаза

Трамп го објави ова на својата социјална мрежа Truth Social, објавувајќи налутена порака што сугерира дека не е задоволен од развојот на ситуацијата на терен:

„Сите дваесет заложници се вратија и се чувствувам добро како што се очекуваше. Голем товар е симнат, но работата НЕ е завршена. Мртвите не се вратени, како што беше ветено! Фаза 2 започнува веднаш!!!“, рече Трамп.


За потсетување, Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, што е потребно според договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполни својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа.

Како што беше најавено, Израел, исто така, ќе го намали износот на помош што пристигнува во Газа, како дел од санкциите против Хамас.