На 25.05.2026 во 14:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во атар на село Ваташа, кавадаречко, на нива во место викано Моклиште, трактор управуван од И.П.(67) од село Ваташа се превртел, при што возачот се здобил со повреди.
-На лице место му била укажана помош од страна на Територијална против пожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.







