ТОШКОВСКИ: Македонија е единствената држава заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заглавени во сопствената земја

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре забележува дека Македонија е единствената земја заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заглавени во сопствената земја.

-Ова што го прават е на граница со лудило.Ние моментално сме единствените во свет кои сме заробени во сопствената држава. Eвентуално Северна Кореја. Кога ќе кажеш Македонија сега синонимот е повеќе на Северна Кореја отколку на Европа. Каде го има тоа со важечки пасош што ти го издава државата да не можеш да излезеш од сопствената земја-посочува министерот.